A∴A∴


A∴A∴ е внатрешниот Ред воден од една вистина и обединет во еден дух.

Редот е Еден, непрекинат во неговиот Синџир на последователност од V.V.V.V.V. преку неговите виши живи Адепти. Редот е Еден, иако функционира на триделен начин: Говор во Тишина, Тишина и Тишина во Говор. Редот е Еден, како што има само Едно Око во Триаголникот.

Од неговото воспоставување, многумина, чие име е легија, се обидувале да профитираат преку угледот на A∴A∴а некои биле измамени од тоа. Како да се разграничи лажното од Вистинското? Принципите на Редот на A∴A∴ се јасни и недвосмислени; оние кои дејствуваат на начин спротивен од нив автоматски се исклучуваат од неговата закрила. Не се потребни никакви заклетви за тајност, или завети за послушност кон која и да било индивидуа. Пари нема никогаш да се побараат кога се шират неговите учења или кога постигнувањето е препознаено од страна на неговиот Авторитет. Редот не функционира во ложи, кампуси, наставни кругови или групи од каков и да било вид. Од почетокот Делото е индивидуално и лично; секој Аспирант кон Редот има предност да работи под водство на еден кој го одел Патот пред него или неа, и кој од своја страна може да бара помош од некој уште поискусен.

A∴A∴ не наложува ниту препорачува членство во ниедна друга организација како неопходен предуслов за прием, ниту пак прифаќа такви членства како еквивалентни на наставниот програм воспоставен преку неговиот Авторитет. Најдобрата подготовка за Делото на Надворешниот Колеџ на A∴A∴ е онаа воспоставена од страна на самиот Ред – Студентскиот курикулум.

Вратата е отворена за сите лица кои со искреност посакуваат да се соединат себеси со Тело на Иницијанти заколнати на Служење на Човештвото.