Студентски
Курикулум
A∴A∴ е организација чии поглавари преку лично искуство го достигнале врвот на Научниот Илуминизам. Тие основале систем преку кој секој подеднакво може да постигне, и тоа со леснотија и брзина кои порано биле невозможни. Првиот степен во Нивниот систем е оној на СТУДЕНТ Студентот мора да ги проучува следниве книги:
Проучувањето на овие книги ќе пружи темелна основа за интелектуалната страна од Нивниот систем. По три месеци Студентот ќе биде испитан по овие книги, и ако неговото знаење за нив се оцени задоволително, може да стане Искушеник, примајќи ја Liber LXI и тајната света книга, Liber LXV. Основната суштина на овој степен е дека на Искушеникот му се назначува мајстор, чие искуство може да го води во неговата работа. Тој може да избере кои и да било пракси кои ги претпочита, но во секој случај мора да води точен запис, како би можел да ги открие односите на причина и последица во неговото работење, а и со цел за A∴A∴ да може да го оценува неговиот напредок, и да ги насочи неговите натамошни студии. По истекот на една година искушеништво тој може да биде примен како Неофит на A∴A∴, и да ја прими тајната света книга Liber VII.
|